
На 28.12.2021 во 18.50 часот во СВР Штип од страна на вработени во КПУ Затвор-Штип било пријавено дека пред затвореното одделение биле пронајдени пакетче со прашкаста материја и пакетче со марихуана. Од страна на полициски службеници од СВР Штип пронајдената дрога е одземена и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.