Пронајдени мигранти во возило на штипска фирма

Денеска (23.08.2021) околу 09.40 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип, при извршување службени задачи, забележале четири лица – мигранти од Бангладеш. По преземени мерки било утврдено дека лицата во Штип дошле со товарно возило на приватна фирма од Штип, кој се вратил од Република Турција преку Република Грција. Исто така, било утврдено дека мигрантите без знаење на возачот влегле во камионот. По консултации со Јавен обвинител, мигрантите биле спроведени во транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.