
На 17.02.2022 во 09.42 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при претрес во полуотвореното одделение била пронајдена прашкаста материја. Полициски службеници од СВР Штип извршиле увид и ја одзеле прашкастата материја за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.