Пронајдена почината 89-годишна жена во куќа во Штип

На 22.07.2023 во 21.30 часот било пријавено дека во куќа во Штип била пронајдена почината Г.П.(89). Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено за обдукција.