
Промовирана сликовницата „Непослушната Свиленка“ која е дело на авторката Ана Дедова во Националната установа Библиотека Гоце Делчев Штип. Промоторот Љупка Стојменова за М-нет вели дека во ваквото дело е од големо значење, бидејќи ликовницата е од поучен карактер за учениците претставена преку ликот Свиленка. Додава дека во самата сликовница главниот лик преку својата постапка укажува на тоа дека треба да се слушаат родителите.
„Дојдовме да ја промовираме сликовницата на Ана Дедова „Непослушната Свиленка“ , кое е прво нејзино дело кое што е наменето за деца. Самата сликовница како што е и карактеристиката на сликовниците е од почен карактер во која што и во самиот наслов ни дава дека ликот ни е Свиленка, односно улогата која не ја посушала нејзината мајка и ќе се изгуби во шумата. Меѓутоа како што и во сите бајки имаме противници и помошници исто и овде како помошници ни се јавуваат ежот, кој што ќе и помогне на Свиленка да се врати кај нејзината мајка.“, истакна Стојменова
Карактеристиката во оваа бајка е тоа што има воведен дел во кој авторката лично се обраќа на родителите да им читаат повеќе бајки на нивните деца, додека на крајот авторката помислила на прашања со кои ги предизвикува децата сами да размислуваат за постапките.
“Карактеристика посебно на оваа бајка е и тоа што има воведен дел во кој што воведен дел авторката лично им се обраќа на родителите и на бабите и дедовците за да им читатт повеќе бајќи на нивните деца со тоа што ќе ги воведат во светот на книгата, а знаеме дека од книгата учиме за животот. На крајот авторката помислила прашања кои што се поврзани од содржината на бајката, меѓутоа дава прашања кои што ги тераат младите читатели сами да размислуваат за нивните постапки.“, додава Стојменова
Како библиотека, ваквата установа се труди да реализира вакви убави настани се со цел да се доближат децата до книгата, додава библиотекарката Соња Манева
„Mесец на книгата е, се одбележува секоја година од 15 октомври до 15 ноември се со цел да се истакне значењето на книгата во растот развојот на децата. И затоа ние како билблиотека се трудиме на вакви убави начини да ј ги доближиме децата да читаат.”, истакна Манева
Инаку, авотрката е со потекло од Кочани и истата има напишао многу дела, кој се од едукативен, но и почен карактер, како за најмалите, така и за повозрасните.