Ноември-месец на машкото здравје, докторите апелираат на рутиски прегледи со цел заштита на сопственото здравје

Ноември е месецот на машкото здравје, па затоа основната идеја на истиот е да ги поттикне мажите да направат редовна контрола и со тоа да го спасат сопствениот живот. По тој повод М-Нет телевизија разговараше со специјалистот за урологија Димитар Кожухаров при КБ Штип. Тој истакна дека најчесто машко заболување е карциномот на простата, па затоа ова заболување може да се излекува ако навреме се јават пациентите на рутински прегледи.

“Милиони луѓе во ноември пуштаат бркови и брада, нели тоа е машкоста и се со цел да и покажат на мажите дека треба да одат а редовни контроли и со тоа да спасат живот. Најчести машки заболувања се карциномот на простата и карциномот на бешиката. Овие заболувања можат да се излекуваат ако навреме се јават пациентите, така да со зимање на анамнеза, со испитувања одредени симптоми. Понатаму со одредени клинички испитувања од типот на ехо на простата, земање на туморскиот маркери и со дигито ректориот преглед, можеме навремено да го откриеме карциномот на простата и успешно да се излекува.“, истакна Кожухаров

Лицата над 50 годишна возраст потребно е да направат преглед, кој е безопасен со земање на крв, кој помага многу лесно и навремено да се открие ова заболување, додава Кожухаров

“Во клиничка болница во Штип се прават сите тие претраги и на крајот ако е зголемен туморскиот маркер. Правиме исто и биопсија на простата и така тие заокружени дијагностички процедури на простата се прави и оперативно лекување исто така овде во клиничката болница Штип.“, додава Кожухаров

Инаку, ракот на простата е еден од најчестите тумори и е втора најчеста причина за смрт од малигни заболувања кај мажите, со тренд на пораст.

Лаура Стојанова, М-Нет