Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно на северозападот.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој краткотрајно во северните делови ќе се засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со услови за појава на слаб локален дожд и со сончеви периоди, кои ќе бидат почести в среда и в четврток.

Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој во средината на денот ќе се засилува.

До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и врнежливо.

Текстот Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб дожд е превземен од МАКФАКС.