Министерството за надворешни работи преку македонската амбасада во Бугарија до бугарското МНР, упати протестна нота во врска со видеото на пратеникот во Европскиот парламент од Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО-Бугарско Национално Движење, Ангел Џамбаски.
„ Истовремено, ќе известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија. Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени“ соопшти МНР.
„Mакедонија е бугарска, а Бугарија е над се“, е насловот на скандалозниот предизборен спот на европратеникот Џамбаски, од партијата на Красимир Каракачанов.
„ Има каузи кои се поголеми од секој и од се. Од каква било политичка ситница. Поголеми од која било актуелна политичка тема“, вели Џамбаски, претставувајќи ја Македонија како една таква кауза за него и за неговата партија.
Текстот МНР упати протестна нота до Бугарија за видеото на европратеникот Џамбаски во кое вели дека Македонија е бугарска е превземен од МАКФАКС.