Продолжува успешната приказна за единствената фабрика за текстил предводена од вработените

Една година успешна приказна на конфекцијата Вабо, откако минатата година истата беше препуштена да се раководи од страна на вработените. Тие сами ја организираат набавката на сурови, сами го организираат производството и пласманот кој е наменет исклучително за извоз. Тања Николова и Дарко Роглев се вработени во комапнијата долг временски период. По една година откако фирмата практично е во нивни раце велат дека не се чувствуваат како газди, туку продолжуваат да го работат својот дел од работите, само што имаат дополнителни обврски.

Ова е единствената фабрика која е препуштена да се раководи од страна на вработените. Сопственикот на фабриката минатата година дал предлог или тие да ја преземат компанијата или истатата да се затвори, бидејќи тој се заситил од оваа работа, а негиовите деца не сакале да продолжат да се занимаваат со водење на овој бизнис. Сите 120 вработени остануваат на своите работни места, работата тече идентично како и кога имала газда, вработените ги користат сите права кои ги имаат, а сегашните „газди“ велат се задоволни од она што се за една година. Менаџерите на конфекцијата „ Вабо“ останале да соработуваат со две мошне стабилни германски компании за кои и претходно произведувале по лон системот. Со помош на Богдов успеале да извлечат од странските партнери повисоки цени. Сите сметаат дека фабриката успешно продолжила да работи дури и да се зголемува проиводството и да се остарува добивка и повисоки плати блгогодарение што сега вработените сфатиле дека само од нив зависи дали ќе имаат повисоки плати со поголемо искористувањето на работното време.

Забележуваат дека кризите во државата се вистински удар врз текстилните компании ама се борат да опстојат. Цената на електирчната енергија, а поготово на нафтата (која ја користат) за работа преставувале силен финсиски удар, но странските соработници имале слух за проблемеите и им излегле во пресрет,

Фабриката „ Вабо “ е една од ретките која практикува платено отуство или платени оправдани денови во случај на смрт со исплатени две просечни плати во републиката ,потоа за женидба и отпремнини при заминување во пензија, а бил обезбеден бесплатген автобуски превоз за сите вработени. Според договореното за првата година која веќе изминува не се плаќал никаков надомест, но од 2023 ако фабриката работи и остварува добивка да се плаќа минимална кирија за 1250 метри квадратни производствен простор. Во него во текот на 2022 година се прозведени 120 илјади женска панталони и над 60 илјади женски блузи.

Лаура Стојанова М-Нет