
Продолжува вакцинацијата во салата Јордан Мијалков во Штип. Со прва доза вакцина денеска имаа закажано околу илјада граѓани, а во прва смена беа аплицирани околу 300 вакцини. Во меѓувреме продолжува ревакцината на повозрасното население со Астра зенека, но нивната бројка не е голема.
Старосната граница е спуштена на пациенти над 20 години и има заинтересирнаност, а воедно и вакцини доволни за до крајот на наеделата.
Со мотото дека здрвајето треба да биде пред се денеска во вакциналниот пункт во Штип на столче за вакцина седнаа и помлади граѓани.
Во спроедба со претходно кога старосната граница не беше спуштена и се вакцинираше пред се повозрасното население, имаше поголем гужва и редици. Како што истакна доктор Иле сега се работи во спокој.
Според информации од Министерството за здравство вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 572.176 дози вакцини, а ревакцинирани се 225.340 граѓани.
Лаура Стојанова М-Нет