Приведен штипјанец, физички го нападнал зетот

На 02.07.2021 полициски службеници од Полициската станица Штип го привеле Е.Ќ.(39) од Штип, бидејќи околу 01.00 часот во дворот на семејната куќа на ул.„АСНОМ“ во Штип, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу него и неговиот зет Д.А. од Штип. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.