Продолжуваат мерките за заштита од високи температури, воведена забрана за движење во шуми

Продолжени мерките за заштита од високи температури. Владата на 173 владина седница донесе одлука со која продолжуваат да важат мерките во наредните десетина дена. Сите региони се во портокалова фаза, па согласно тоа се ослободуваат од работа бремените жени и работници над 60 години, во детските градинки да не се практикуваат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Во меѓувреме Државниот инспекторат за труд во изминатите неколку дена на терен изврши над 160 надзори од кои кај 60 се издадени решенија.

„Во изминатиот период Државниот инспекторат за труд беше постојано натерен, имаат извршено 164 надзори – најчесто во оние дејности каде што е изложеноста на топлинската енергија е најголема. Од тие 164 надзори кај 30 работодавачи е издадено решение за забрана за работа од 11 до 17 часот и 30 решенија се издадени за работодавачи кои не ги почитуваче мерките кои се дадени од Влада“ – велиТренчевска.

 Исто така, Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од денеска.

Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

Лаура Стојанова М-Нет