
Изградбата на новата водоводна линија во Штип се претвори во вистински кошмар за граѓанитебидејќи повеќе од 72 часа немаат вода за пиење – истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму велат дека и цистерните со вода се во незвидна состојба и преставуваат реален извор за ширење на заразни заболувања.
„Дополнително граѓаните се изложени на дополнителни трошоци за набавка за вода за пиење иако уредно и редовно ги надмируваат своите обврски кон ИСАР. Гневот кај граѓаните дополнително расте по секоја изјава на градоначалникот кој очигледно незнае и не умее да менаџира едно вакво сериозно прашање, па се обидува вината да ја префрли на некој друг. Затоа како советничка група бараме да биде свикана итна седница на Советот на Општина Штип на која ќе биде разгледана настанатата состојба со водоснабдувањето во општината. Јорданов и Зајков ќе треба да одговорат: Кој дозволи да се започне со реализација на еден ваков проект без да се земат во предвид ризиците кои можат да настанат особено во услови кога имаме енормно високи температури? Дали во планирањето и реализацијата се вклучени лица кои имаат доволно познавање од оваа проблематика?“ – велат од ОО на СДСМ Штип.
Гарнитурата која апсолутно ништо капитално нема сработено за општината, без никаков срам и чувство на одговорност повторно се обидува да ја замајува јавноста во период кога се решаваат децениски проблеми на граѓаните, вратија од општината.
„Истите тие кои критикуваат,да се зафанеа со промена на водоводната мрежа во минатото,наместо да создаваат нерационални долгови во јавните претпријатија,денес ситуацијата ќе беше сосема поинаква. Партијата која направи пустош од градот и државата и без образ критикува денес,се навикнати да уживаат само во комоција и привилегии кога се на власт. Граѓаните знаат дека сме многу поразлични и затоа храбро се зафаќаме за решавање на проблемите со кои се соочуваат штипјани,вклучително и водоснабдувањето. На крај да завршиме со одговорот на тие што критикуваат,а немаат направено ништо за градот: -Да бевте способни за реализација на капитални проекти од суштинско значење за граѓаните денеска ќе имавме нова водоводна мрежа,брана на реката Отиња,затворен базен, aква парк на Суитлакот и уште многу други капитални инвестиции. Има разлика !“ – стои во одговорот од општината.
Лаура Стојанова М-Нет