Проба на моделите, нов живот добиваат гоблените – последни подготовки за штипските модни денови

Течат подготовките за организирање на манифестацијата Модни денови во Штип 2024. Денеска во просториите на штипскиот Дом на млади се одржа проба на сите модели кои се дел од настанот. Целта на настанот е да се поттикне текстилната индустрија и да се развие брендирањето, а исто така да се потикнат студентите да продолжат да се пронаоѓаат со својата свера каде го започначе нивното високо образование.

„Денес во Дом на млади организираме фитинг како дел од активностите за Модните денови во Штип,. Денес во текот на денот во овие простории се пробуваат моделите на сите учесници во настанот. Овде имаме присутно манекенки и манекени од неколку модни агенции од Македонија. На настанот ќе учествуваат пет компании од Општина Штип, две ревии ќе имаат студентите од технолошко – техничкиот факултет и имаме интересна соработка со „Гласен текстилец“ Штип“ – вели Шорова-Ангелова.

Добриот дизајн може да го заобиколи целиот свет, а целта е и од Македонија да произлезе нешто уникатно без разлика дали станува збор за материјалот, начинот на изработка, рекламирање или слично. По ковид пандемијата голем број млади се враќаат во државата да работат на модни дизајни, вели Никола Патраклиев.

„Ние сметаме дека добрата идеја не е нешто што има географија, добриот дизајн може цел свет да заобиколи, па така и кај нас има он лајн дизајнери. Го фаќаме чекорот со светските трендови, нови трендови, не е целта само да се копира туку нешто да произлезе и од кај нас ново.“ – вели Патраклиев.

Во оваа колекција се интегрирани гоблените, кои биле актуелни пред 40 години со што го заокружуваме некогашното творење во државата. Од техничко технолошкиот факултет посочуваат дека сите ресурси од минатото може да се заштита од исчезнување.

„Оваа манифестација е добра платформа да о покажеме она нашите студенти го имаат како потенцијал. Не е првпат нашите студенти да учествуваат некаде. Со ова изработките на нашите студенти ќе бидат онаму каде што заслужуваат, бидејќи модните ревии треба да бидат презентирани вака како што заслужуваат.“ – вели Димитриева-Кузмановска.

Штипските модни денови 2024 ќе се одржат на 30 септември, 1 и 2 октомври.

Лаура Стојанова, М-Нет