Успешно спроведена еко акцијата во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип

Успешно спроведна еко акција во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип. Професорот по пиано Петар Трабоевиќ кој е дел од еко акцијата посочи дека соогласно програмата за работа на училиштето, оваа еко акција е успешно реализирана каде се вклучени сите ученици од училиштето.

„Како и секоја година соогласно со годишната програма за работа на училиштето, организираме прва еко акција во септември, каде што учениците од сите класови од средното образование, завземаат свој удел во чистотата на нашето училиште. Пред се се чисти надворешниот дел односно паркот и дворот на училиштето, а исто така се чисти внатре. Каде што со ова сакаме да посчиме дека самите ние треба да се грижиме за животната средина и морам да кажам дека до сега успешно се справуваме со тоа и може да се забележи дека сеоја година се помалку имаме смет кој го собираме.“ – изјави Трабоевиќ

Инаку со еко акцијата се опфаќа површината околу надворешниот дел на училиштето, а потоа и внатре. Со оваа акција посочуваат дека треба да се грижиме за животната средина, а тие како целина функционираат многу добро и од година во година сметот кој се собира е минимален.

Лаура Стојанова, М-Нет