
Второлигашите Пелистер и Победа одиграа пријателски натпревар во рамки на подготовките за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.
Натпреварот се одигра на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, а тренерите Јане Николовски и Влатко Костов шанса им дадоа на сите фудбалери со кои располагаат.
Ова е прв позитивен резултат за прилепска Победа, откако претходно нажинаа високи порази за време на подготовките, односно Победа имаше порази од Кожуф со 3:0 од Охрид со 3:1 и од Арсими со 0:3.
Пелистер претходно запиша победа над Подградец и Караорман, а загуби од Силекс и Охрид.
Во пролетниот дел Пелистер ќе атакува на освојување на првите две места кои директно водат во Прва лига, а пак Победа ја очекува повеќе од тешка борба за опстанок. Фактот дека од Победа си заминаа многу фудбалери и ќе игра со младинци за што објавувавме претходно, дава јасни сигнали дека Победа може да ја доживее истата судбина што и Борец, до две сезони од Прва лига да заврши во Трета лига – Југ.
Александар Ванев, М-Нет