
Есенскиот шампион во Втората македонска фудбалска лига екипата на Беса предводена од тренерот Александар Таневски главната фаза од подготовките ја одработува во Аланија, Турција каде одигрува и пријателски натпревари преку кои ја подига формата за пролетниот дел каде е на добар пат да обезбеди влез во фудбалската елита на Македонија.
Беса на турско тло одигра и пријателски натпревар против есенскиот шампион во Првата бугарска лига екипата на Черно Море, натпреварот заврши без победник но и без погодоци (0:0). Но, најважно е што овој натпревар ја испрати и пораката дека спортот секогаш обединува.

Беса како клуб секогаш негува пријателски односи со клубовите, на терените ја промовира паролата за фер-плеј, а надвор од терените негува пријателски и спортски односи.
Токму пријателскиот натпревар на Беса со есенскиот шампион во Првата лига, екипата на Черно Море која е предводена од Илиан Илиев, кој воедно е и селектор на бугарската репрезентација уште еднаш се потврди одличната соработка и фактот дека спортот секогаш обединува.
Двете екипи по завршувањето на натпреварот имаа и заедничко дружење што е уште една потврда дека спортот обединува, дека спортот раѓа нови пријателства и другарства. Пријателски фер и коректен натпревар, а по завршувањето тоа беше потврдено и со заедничко дружење на двете екипи.

Александар Ванев, М-Нет