
Второлигашот Каменица Саса промовираше две квалитетни засилување во тешката борба за опстанок во Втората македонска фудбалска лига.
„Рударите“ денес ги претставија Мартин Димоски – Робен и Дарко Алексовски – Пеле како нови засилување за тешката пролет. Штипското дуо во пакет доаѓа од редовите на второлигашот Вардар од Неготино, а двајцата играчи се повратници во Саса.
32-годишниот Димоски покрај за Вардар Неготино има настапувано и за Детонит Плачковица, Силекс, Каменица Саса, Пехчево и Баби.
33-годишниот Алексовски покрај за Вардар Неготино има настапувано и за Детонит Плачковица, Саса, Силекс, Пехчево и Баби.
Двајцата играчи речиси цела кариера ја поминаа играјќи заедно, па двајцата играчи кои меѓусебно одлично се познаваат на фудбалските терени ќе бидат голем адут на „рударите“ во таа тешка пролетна борба за опстанок.
Саса презими на последното место со само осум бодови на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет