Причина за мозочен удар може да биде и корона инфекцијата, како да се излечи мозочен удар?

Според последните направени истражувања се повеќе се зголемува бројот на лица со мозочен удар, дополнително и сега за време на пандемија. Според светските статистики бројот на лица со мозочен удар до 2024 година ќе се зголеми за околу 30%. Ова пред се е резултат на зголемената возрасна граница на луѓето, зголемен број на луѓе со дијабет како и покачената телесна тежина. Но, и корона инфекцијата има свои влијанија и може да предизивика мозочен удар.

„Корона инфекцијата не е само респираторна инфекција, туку истата предизвикува мултисистемски нарушувања, меѓу тие нарушувања се и нарушувањата на нервниот систем, така да се зголемува бројот на мозочни удари како последица на корона инфекција може да биде мозочен удар, воспаление на мозокот и слично“ – истакна др. Елена Личкова, невролог.

Со ковид инфекцијата се зголемува списокот на ризик фактори кои можат да доведат до мозочна болест. Во нашата држава преку две организации, се следи трендот на сите новитети во однос на лекувањето на мозочен удар.

Овие студии за начинот на лекување на мозочен удар се во почетна фаза. Др. Личкова се надева дека наскоро истите ќе може да бидат применувани и во нашата држава.

Месец мај е месец за подигаѓе на свеста кај граѓаните за борба против мозочен удар, а 11 мај е европски ден за борба против мозочен удар.

Лаура Стојанова М-Нет