Книжарницата на тркала беше во посета на Каменица

Книжарницата на тркала денеска беше во Македонска Каменица во која имаше голем избор на книги од сите жанрови за вљубените каменичани во пишаниот збор.

„ Проектот книжарница на тркала го започнавме пред приближно месец месец и пол. Идеата е да ги приближиме книгите што поблиску до читателите особено на оние места каде што бројот на книжарниците е помал, луѓето потешко доаѓаат до книгите да не мора само да нарачуваат преку интернет туку еве вака некако и локално да се доближиме до нив, да можат да си одберат што сакаат и слично. Засега посетивме неколку градови Велес Куманово Кавадарци Кочани Штип секаде имаме одличен прием, има голем интерес за ова и на покана од Културно Информативниот Центар „РОМАНСА“ прв пат сме во Каменица и уште од самото утро имаме убави реакции многу голем интерес и убаво си поминуваме“. Рече Кристина Дуковска уредник во Антолог

Последнава година одкако се појави пандемијата со Ковид 19 што поради ограничувањата, полициските часови а и оние кои беа дома на колективни одмори имаа повеќе слободно време кои го користеа за читање на добра книга.

„ Ние направивме еден сплет од нашите најнови и нашите најпродавани наслови и гледавме некако да направиме симбиоза за сите вкусови и да бидат наменети за сите возрасти така да имаме книги за деца, возрасни имаме фикција, нефикција како и книги од проектот храбри нови зборови прекрасни нови светови така што генерално и жанровски и возрасно гледаме да бидеме покриени и биде пошаренолико. Најбарани се пред се трилерите, историските драми но можам да кажам дека има различен интерес и затоа толку е широк изборот“.  Истакна  Кристина Дуковска уредник во Антолог

Како што кажа Дуковска се забележува зголемена побарувачка за купување книги со кои се подновува домашната библиотека.

„ Дефинитивно тоа го забележавме уште лани кога почнаа полициските часови луѓето што книгите ги оставале за читање кога ќе имаат повеќе слободно време сега веќе почнаа да ги читаат поради тоа што повеќе време беа дома така што дефинитимно имаше некое зголемување како резултат на тоа но мислам дека воопшто кај нас последниот период има тенденција на зголемување за интересот за книгите не само поради пандемијата а тоа навистина радува со позитивните бројки кои што се забележуваат“. Кажа Кристина Дуковска уредник во Антолог

Проектот книжарница на тркала се реализира месец и пол има посетено повеќе градови во државата со акцент на оние општини каде нема издавачки куќи и многу мал број на книжарници каде може да се купи добра книга.