Прифатена иницијативата од Владата недела да биде неработен ден за сите!

За работниците во текситлните фабрики, трговски центри, супермаркети и слично, деновите од неделата губат секакво значење бидејќи независно дали е среда или недела тие се секако на работа.  Уште од порано е останато дека недела како ден треба да биде слободен за сите граѓани, за барем еден ден во неделата да можат да бидат со своите најблиски поминувајќи го времето во одмор и релаксација. Затоа Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде неработен за сите граѓани. И Премиерот, Зоран Заев на својот фејзбук профил предлага за прифаќање на ваквата мерка од Владата. Во истата тој објави дека Министерството за труд и социјална политика има рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање. Граѓаните на Општина Штип со едногласен став во врска работните недели, гледаат позитивно на предлогот од Владата. Според истражувањето на здружението на граѓани „Гласен текстилец“, во кое биле опфатени 870 испитаници, повеќе од половината од нив се изјасниле дека работат прекувремено, а незадоволителни 11,3% кажале дека викендите и празниците им се неработни денови. Дали потребата на граѓаните недела да биде ден посветенен на одмор ќе стане реалност.

Лаура Стојанова М-Нет