Музичкото образование ги нагласува ритмичките вештини. Помага на децата, да го фокусираат нивното внимание. Да ги контролираат нивните емоции. Својата креативност и љубовта кон музиката, ја искажуваат благодарение на проф. м-р Марија Максимова. Со признание за најдобар професор на просториите на поранешна Југославија.

Учениците Михаел Тимотеј и Теодора Ноемина Пастоњицки. Од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“- Штип. Под менторство на проф. м-р Марија Максимова, учествуваа на интернационален он лајн натпревар во Америка. И двајцата беа прогласени за Лауреати на тој натпревар во своите категории.
Михаел Тимотеј и Теодора Ноемина Пастоњицки добија покана да настапат на победнички концерт во најпрестижната светска сала во Карнеги Хол, Њујорк. Сон на сите уметници.
Редовни натпревари во странство како во Италија, Франција, Србија , Америка и Белгија. Секогаш наградени, никогаш не се вратиле без награда.
Но, поради светската пандемија и проблемот со финансиите. Уште не е сигурно дали ќе отидат да ја претставуваат нашата држава.
Но, сепак престижната награда и со самото тоа што се прогласени за Лауреати, претставува голем успех и гордост за нашата држава.
Надица Стојковска / М Нет
Горан Христовски / М Нет