Пристапни цени пред Задушница на пазарот во Штип, зелената салата и портокалите најбарани од купувачите

Пристапни цени пред Задушница на пазарот во Штип, зелената салата, компирот и портокалот, меѓу најбараните производи на речиси сите тезги. Купувачите велат цените за овој период од година се реални, имајќи во предвид дека никој повеќе не се занимава со земјоделство. Претежно тие пазаруваа за празникот Задушница но и за Свети Трифун, кој годинава се паѓаат во ист ден.

Дека побарувачката е голема и во вториот петок од февруари, согласни и продавачите. Велат граѓаните најмногу бараат зелена салата, кромид и морков од зеленчукот и портокали од овошјето.

Дополнително се продаваше волнени домашни чорапи, свежи јајца, изобилство на домашни чаеви, зачини, земјени садови за во кујна и многу количина на јаткасти плодови.

Иван Митев, М-Нет