
Утре е Свети Трифун, лозарите ќе ги закројат лозјата и во Штип. Повозрасните граѓаните на терен велат, традицијата не се менува, иако изутрина е и Задушница. Велат наутро на гробишта, напладне на лозје, за да се благослови годината и да се одбележи празникот како што доликува. По кроењето, адеот е да се иситури малку вино и ракија, со цел стеблата бидат богати со род оваа година.
Светиот Трифун бил роден во Фригија, од сиромашни родители. Во детството бил чувар на гуски. И уште од детството врз него била голема Божја благодат и можел да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеал царот Гордијан, чијашто ќерка се помрднала од умот и со тоа го фрлила царот во голема жалост. Ниеден лекар не можел да ѝ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикале и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка.\
Иван Митев, М-Нет