
На 29.12.2021 во 19.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани, патничко возило „фолксваген поло“, со винички регистарски ознаки, управувано од М.А.(52) од Виница, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.А.(54) од Виница, констатирани во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.