
На 11.10.2025 во 16:45 часот на патот Штип – Кочани, кај с.Крупиште, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.К.(57) од Штип. При контрола на сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 91 километар на час на место каде што брзината е ограничена на 40 километри на час.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.