
Во пресрет на локалните избори што ќе се одржат наредната недела на 19 октомври, вечерва со почеток од 19 часот на плоштадот,,Слобода” во Штип ќе се одржи голем народен митинг на партијата ВМРО ДПМНЕ. Како говорници се најавени Христијан Мицкоски, претседателот на партијата и Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на Општина Штип. Од партијата ги повикуваат граѓаните на Штип да присуствуваат на митингот.