
На 20.09.2025 во 03:10 часот на ул. „Пиринска“ во Штип од страна на полициски службеници од СВР Штип е лишен од слобода Н.А. (41) од Штип. При контрола на патниот сообраќај во Штип, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ауди” со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Н.А. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,51 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
