
На 14.11.2025 во 22:00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишија од слобода Б.П.(55) од с.Дулица –општина Макдонска Каменица. При контрола на патниот сообраќај, полициските службениоци сопреле патничко возило „цитроен“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица,, кое го управувал Б.П, и притоа констатирале дека е под дејстов на алкохол, односно измерени му се 1,87 промили алкохол во крвта.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.