
Од денеска стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Изминатите денови голем дел од граѓани побрзаа за да ги променат гумите на своите возила и да бидат подготвени за зимата. Неопходно е добра подготвеност за да не се случуваат сообраќајни несреќи.
„Во последните денови се чувствува гужва, бидејќи од 15 ноември сите возила треба да поседуваат зимска опрема во возилата. “ – вели Трајчев.
Кога се во прашање гумите за сите сезони не се препорачливи за нашето поднебје вели Трајчев. Ова е бидејќи има драстична промена во температурите во текот на летото и зимата и гумата не може да биде добра сите сезони.
„Околу гумите за сите сезони треба да ја имаме во предвид нашата клима. Ние имаме ладни зими и исклучително топли лета. За натшето поднебје не се препорачуваат гуми за сите сезони“ – вели Трајчев.
Одлуката за поседување на зимска опрема во возилата ќе трае до 15март наредната година. Од полицијата потсетуваат дека За моторни возила кои не надминуваат 3.500 кг потребни се
– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите четири милиметри; За моторни возила со погон на четири тркала (4×4):
– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите 6 мм; За моторни возила кои надминува 3.500 кг: зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите од 6 мм.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет