Приведени возачи во Штип, Делчево, Кочани и Радовиш за безобѕирно управување возило, возеле без дозвола или под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина (два во Кичево, по еден во Битола, Штип и гостиварско) управувале возило без возачка дозвола, а петмина ( по еден во Скопје, Кочани, Неготино, Делчево и Радовиш) управувале возило под дејство на алкохол.По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување 7или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.