Приведена 26 годишна девојка од виничко Градец, пронајдена марихуана

На 20.11.2025 во 19:55 часот во с. Градец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница ја лишија од слобода 26-годишната Т.Т. од с.Градец. При извршен преглед пред влез во истото село на патничко возило „бмв“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Б.А.(43) од Македонска Каменица, кај пријавената,  која била сопатник во возилото е пронајдена и одземена марихуана. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.