Претседателот на СДСМ, Заев и кандидатот за градоначалник на Штип, Николов ветуваат безбедни и фер избори

Во тек на предизборната кампања, за предвремените избори за градоначалник на Општина Штип, во посета на центарот на истокот, беше премиерот Зоран Заев, како претседател на Социјалдемократскиот сојуз и поддршка за кандидатот од редовите на СДСМ, д-р. Николов. Штип заслужува да продолжи со својот развој, да се модернизира и да напредува, истакна Заев. Со свое обраќање до јавноста излезе и кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, д-р. Сашко Николов. Со иницирање за донација на маски, дезинфекција на сите јавни простории кои се во надлежност на Општината, се покажува безбедноста и сигурноста која ја нудиме, истакна Николов.

Лаура Стоајнова М-Нет