Филипче: Се работи на доуредување на Здравствениот дом во Штип, со договорени низа активности за наредниот период

По посета на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ Штип, денеска беше министерот за здравство Венко Филипче. Интензитетот на работа е доста зголемен, бидејќи Здравствениот дом во Општина Штип е најголемиот здравствен дом во истокот, а овде се наоѓа и итната медицинска помош. Пандемијата со корона вирусот, исто така е во полн ек, меѓутоа и бројот на лекари и медицински сестри е зголемен, кажа Филипче. Количината на брзи ковид тестови е доволна, со што близу 100 тестирања се прават дневно. Постои одличен систем на координација и со работата во две смени се излегува во пресрет на потребите на граѓаните – истакна Филипче. Исто така се работи и на поставување на модуларната ковид болница кај Клиничката болница Штип, бидејќи според Филипче Штип е приоритет. Согласно барањата, армијата е на располагање за распоредување на пациентите пред болниците, но се одлучува по барање на Кризниот штаб – соопшти Филипче.

Лаура Стојанова М-Нет