
Ветениот проект во населебата Света Недела, односно огромниот парк со езера е само празно ветување на градоначалникот Јорданов, посочија денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Велат додека се ветува изградба на нов мега парк, постоечки паркови се запуштени.
„Денес повторно Јорданов најавува изградба на мега парк вреден стотици милиони денари. Само за илустрација, овој парк по вредност е еднаков на вредноста на новата градинка во населба Сењак и вредноста на обиколницата заедно со мостот на река Брегалница. Додека тој планира да потроши огромни суми на проекти кои звучат добро на хартија, вистинските проблеми на граѓаните остануваат нерешени. Сообраќајот е парализиран и целосно блокиран, секој ден е нов хаос, секој тротоар е паркинг. Најголемата иронија е тоа што додека градоначалникот се фали со нов парк, постоечките паркови во Штип се целосно запуштени, но Јорданов се обидува да не убеди дека новиот парк ќе биде различен.“ – велат од СДСМ Штип.
Новиот мега парк во насеба Сењак треба да се простира на површина од 70 илјади метри квадратни со вкупна вредност од околу 100 милиони денари. Предвидено е да има мини езерци, урбана опрема и голема зелена површина.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет