
Во време кога семејствата едвај врзуваат крај со крај, кога трошоците за живот постојано растат, локалната власт повторно им става нов товар на грбот на граѓаните, обвинија денеска на прес конференција од советничката група на СДСМ Штип.
„На денешната седница на Советот на Општина Штип, мнозинството во Советот на Општина Штип, предводено од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за нов удар врз семејните буџети на граѓаните.
Во време кога семејствата едвај врзуваат крај со крај, кога трошоците за живот постојано растат, а платите остануваат исти, локалната власт повторно им става нов товар на грбот на граѓаните.
Очигледно е дека градоначалникот,директорот и менаџментот не успеваат да обезбедат ефикасно и одговорно управување со претпријатието. Наместо одговорност за лошото работење, товарот повторно се префрла врз граѓаните.“, вели Стојчевски
Иван Митев, М-Нет