
Уште во рани зори, домакинките ги вапсаа три црвени јајца, пред изгреј сонце. И како по стар обичај првото наречено за Годпода, второто за главата на семејството, а третото за домот. Некаде трите јајца ги нарекуваам пак за Христа, за неговиот создател Отецот и за Богородица, но воглавно и во еднио и во другиот случај треба да бидат три црвени јајца, кои имаат голема симболика. Се верува дека првото велигденско јајце има голема моќ и тоа треба да се чува до следниот Велигден, обично покрај икона.
Црвената боја ја симболизира христовата крв, но и божјата сила и моќ. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав. Според обичајот и онака како што македонската умотворна жена знаела да се впушти во традицијата на овој ден, рано наутро ги вапсувала јајцата и потоа ги изнесувала во плетена кошница со алова волнена ткаенина покрај дворот, за да првите зраци од сонцето ги огрее истите. Потоа со едно од јајцето на секое дете, член на фамилијата домакинката ги премазува по образите, челото, рацете и по нозете, велејки црвено, здраво и весело.
Иван Митев, М-Нет