
ВМРО ДПМНЕ и министерот за спорт Борко Ристовски се сликаат, a vо изминатите четири години во спортската инфраструктура во Штип не се инвестирало ниту еден денар, истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Како што велат од таму потребна е одоговорност, резултати и изсполнување на ветувањата.
„ДПМНЕ и нивниот министер за спорт Борко Ристовски, без грам срам, одржуваат трибини за спортот во Штип, град во кој за изминатите четири години не инвестираа ниту еден денар во спортска инфраструктура. Во изминатите 4 години, ВМРО-ДПМНЕ и Локалната власт не направија буквално ништо за спортот во Штип. Напротив, спортот е на колена – ФК Брегалница е симната во понизок ранг, а ниту еден ветен проект не е ниту започнат. Нека продолжат со трибини и празни зборови , а граѓаните добро знаат дека зад нив нема резултати, туку само празни ветувања и порази. “ – велат од СДСМ.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет