
Ново друштво со ограничена одговорност чии единствен содружник е ЈП „Исар“ треба да се регистрира во Штип. Целта на друштвото е поголема економичност и спасување на ЈП Исар од преголемите сметки за електрична енергија, а должноста ќе биде одржување и поправка на пумпите за вода. Со него ќе раководи управител и неколку вработени, но нема да има нови вработувања туку ќе се преместат веќе вработени од ЈП Исар. Ова како предлог одлука на Советот на Општина Штип помина со мнозинство гласови, но наиде и на голема дискусија.
„Дали вие како советничка група сте согласни да направиме обид да ги намалиме трошоците на ЈП Исар и да можеме да го спасиме од криза“ – праша Иванов.
„Советничката група може да даде поддршка само доколку има издржано елаборирање и писмено доставено од управниот одбор. Обидите некогаш може да чинат многу, ќе внесеме влог, средства ќе ги платиме средствата пред институциите па потоа пу пу не важи, па потоа за ливидациона маса“ – одговори Рогожарска Поповска.
„Вие одма дојдевте на ликвидација, да не почнуваме ништо, многу јако сценарио направивте. Сванете ја работата, да почнеме да придонесуваме тука“ – додаде Крстевски.
Друштвото „Пумпи и пумпни станици Исар ДООЕЛ“ Штип треба понатаму да се регистрира во Централен регистер и да почне со функционирање за што е потребен времески период. Директорот на ЈП Исар, Трајче Здрваков истакна дека ова се прави за одржливост на претпријатието за д не се случи поради долгови да остане без електрична енергија.
Лаура Стојанова М-Нет