Премин во Штип и поставена порта скара неколку соседи, случајот заврши на Суд

Простор за минување во Штип скара неколку соседи. Имено, простор кој го користеле четири домаќинства се јавува како проблем, со што случајот завршува на Суд. Соседите склучиле усен договор на патот кој го користат да се постави порта, со кој ќе се заштитат од несакани гости. Портата се поставува, но еден од соседите ги тужи другите двајца соседи за нелегално поставување на истата. Случајот завршува на Суд.

„Ние се тужиме за поставување на врата. Соседот тврди дека било метална решетка, а во доказите е прикажано дека тоа е вратичка за да ја користиме сите четири куќи. Требаше тој да стави катанац, но не стави. Со негова дозвола беше наместена вратичката, но на крајот тој ни поднесе тужба“ – вели Пертов.

Врвот го достигнува и фактот дека месец дена по поставувањето на портата истата била украдена. Овој случај завршил во полиција, сторителите се фатени, портата вратена назад, но преминот сѐ уште не е обезбеден.

За овој случај работа имаа и Основен и Апелационен Суд Штип. Нивните одлуки различни, па се чека одлука од Врховен суд и судски совет.

„Основниот Суд двапати одлучи во наша корист, со доакзите од сведоците што ги имавме приложено. Ние имаве сведоци, тој имаше пријавено еден сведок, неговиот брат, но и тој му се откажа. Апелационен Суд со несогледување на сведоците одлучува во корист на соседот“ – додава Петров.

Петров истакна дека заедно со неговиот адвокат ќе ги искористат сите правни лекови во врска со случајот.

Лаура Стојанова М-Нет