
Одржана и осмата седница на Советот на Општина Штип. Советниците дискутираа на 25 точки заедно со советничките прашања. Откако едногласно беше изгласан дневниот ред, се верифицираше мандатот на новиот член, па беа одредени и нови претседатели и членови на комисиите при Советот и Комисијата за спорт.
На неколку предлози и овојпат советниците при претресот со негодувања. Советничката од Левица, Сенада Ибраимова, реагираше на тоа што од Комисијата за урбанизам, каде претходно беше член, е ставена во Комисијата за еднакви можности. На ова Иванов само ѝ образложи дека согласно со застапеноста во Советот, може да членува во две комисии.
Освен ова на седницата се разговараше и за извештајот и програмата за финансиското работење на ФК „Брегалница“, како и за годишниот извештај за начинот на користењето на спортските сали при основните и средните училишта во Општина Штип за 2021 година и за наменска употреба на средствата собрани од истото. На дневен ред беа извештаите за реализација на повеќе програми на Општина Штип, како и на институциите при Општината.
Ребека Спасова М-Нет