
Со реферндум кој градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов ќе го побара да се реализира заедно со изборите, штипјани ќе може да се изјаснат за средствата кои се соберени во Општина Штип и засега замрзнати да бидат ставени на располагање за да се замени сегашната најстара водоводна линија во градот под Исарот и да не се повторува сценариото на пеколни температури да се остане без вода.
„Јас имам конкретен предлог и тој предлог ќе го ставам на референдум и ќе побарам да се случи референдум паралелно заедно со локалните избори. Средствата кои се собрани во Општина Штип кои се во посебна сметка затворени на референдум ќе побарам да тие средства ги одмрзнеме и со нив да се промени главната водоводна линија во Штип, истакна Николов.
Пресметката за тоа колку би чинела замената на старите дотраени цевки од водоводната мрежа со нови дополнително ќе се пресмета, но Николов вели колку и да е средства ќе се обезбедат.
Значи доколку Николов го добие наредниот мандат на претстојните избори штипјани до година нема да се соочуваат со проблемот со водоснабдување.
Лаура Стојанова М-Нет