Брегалница денес со втора „контролка“на Златибор, овојпат против Графичар на Милко Ѓуровски

Фудбалскиот погон на Брегалница веќе неколку дена тренира и се подготвува во прекрасниот амбиент на спортско – туристичкиот центар на Златибор,Република Србија каде ги има сите неопходни услови. Брегалница го одигра и првиот контролен меч кој заврши со победа од 2:0 против екипата на црногорскиот Морнар со головите на Андреј Кудијан. Според информациите од Извршниот Директор на Брегалница Емил Тодев денес штипските сини ќе го одиграат вториот тест натпревар а противник ќе им биде српскиот прволигаш Графичар кој го води тренерот Милко Ѓуровски, инаку бивш македонски селектор. „Четата“ на Марјан Секуловски на 17 јули ќе го одигра и третиот контролен меч против црногорскиот тим Искра, за да престојот на Златибор заврши со последната „контролка“ против екипата на Бачка. По овој натпревар Брегалница ќе се врати во Штип,за да една недела пред почетокот на прволигашкото првенство ќе одигра „генералка“ против Силекс, но сеуште не е утврдено каде ќе се одигра овој меч. Колку за потсетување новото првенство во ПМФЛ ќе започне комбинирано на 7 и 8 август оваа година.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk