
По пет годишна пауза женскиот ракомет на големо се враќа во Штип и секако на ракометната карта на Македонија. Благодарејќи на љубовта кон Ракометот, упорноста, желбата за успех спортскиот педагог Дејан Величков успеа да ги собере и да ги врати во своето штипско „јато“ женските ракометни бисери кои беа раштркани низ Македонија.
Секогаш се добродојдени соработката со локалната самоуправа, со луѓето од бизнисот без кои тешко би се опстоело во овие турболентни времиња. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов е секогаш на страната на спортот и спортистите кои ја имаат целата негова подршка.
Формирањето на женски клубови е од особено значење за креирање на составите на македонските репрезентации од младинска до сениорска конкуренција. Директорот на машката и женската ракометна репрезентација Левче Китевски е благодарен на ентузијазмот на штипјани и го поздравува формирањето на новиот клуб.
Убаво е кога новите клубови повторно изртуваат од некогашните ракометни центри во Македонија. Комесарот за натпревари, воедно и интернационален судија Славе Николов го радува овој податок кој значително ќе ја подобри сликат за женскиот ракомет во Македонија.
Ако Кометал Ѓорче Петров го красеа повеќето интернационалки, сега милува сликата на една нова млада женска ракометна гарнитура. Силвана Карбевска како интернационален судија најдобро ја отсликува оваа нова ситуација истакнувајќи го квалитетот на нашите млади ракометарки, притоа истакнувајќи го примерот со Габриела Величковска која откако се докажа во Македонија веќе има успешна интернационална кариера.
Спортската редакција на Мнет ТВ им ја посакува сета среќа и успех во кариерата на штипските ракометарки кои во догледна иднина ќе не почестат со нивно и присуство на повеќе реномирани женски ракометни екипи.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk