
Пред стартот на летниот период, па трансфузиолозите со апел до редовните крводарители пред да заминат на одмор да го посетат Институтот за трансфузиона медицина Штип и да даруваат крв. Доктор Мери Шорова посочува дека потребата од крв е постојана иако овој период може да се констатира дека штипскиот трансфузионен институт има доволно собрани количини крв. Ама, како што вели, летниот период сите заминуваат на патување, па се намалува бројот на крводарители, а бројот на интервенции и зафати останува исти понекогаш се бележи и негово зголемување. Од овде следи и апелот до крводарителите.
„Во моментот нашиот регионален центар за Трансфузиона медицина Штип располага со доволни количини на крв. Бидејќи веќе почнуваат летните одмори, имаме поврзани неработни денови апелирам до нашите редовни крводарители да ги посетат нашите служби и да даруваат крв пред да заминат некаде на одмор.“ – вели Шорова.
Од 10 до 15 крводарувања има секој ден, децидна е Шорова со што слободно може да се каже дека се задоволуваат потребите на крв и за Клиничка болница Штип и за Источниот регион. Вели дека негативните крвни групи се помалку застапени и токму затоа моментално се во мал недостаток.
„Во нашата служба редовно имаме од 10 до 15 дарители секојдневно и тоа е сосем доволно. Негативните крвни групи особено овој период нула негатив и А негатив крвните групи се во мал недостаток“ – додава Шорова.
Освен во Институот за трансфузиона медицина во Штип граѓаните имаат можност да даруваат крв и на редовните крводарителски акции кои често и по различни поводи се спорведуваат во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет