Предизборна преписка во Штип на социјалните мрежи

Во очекување на парламентарните избори, политичарите ја заоструваат реториката. Подолжува преписката помеѓу градоначалникот на Штип Благој Бочварски и координаторот на опозициската ВМРО ДПМНЕ во Штип, Иван Јорданов.

Донацијата на семејната фирма на птипскиот градоначалник во фондот за борба против коронавирусот, како и објавувањатаза побарувањата на поранешните членови на управниот одбор на ЈП „Исар“ Штип од редовите на ВМРО ДПМНЕ за паушали во вкупен износ од 2 милиони денари, резултираше со реакција на социјалните мрежи на координаторот Иван Јорданов.

„Иако не сум на функција како твојата, не сум учествувал како тебе во срамната продажба на нацијата и срамната промена на името. Не сум учествувал во распродажба на историјата, идентитетот и македонскиот јазик. Напротив, со сите демократски методи се борев и се борам ова да го спречам. Од тебе граѓаните очекуваат да го оствариш тоа што го вети, од мене очекуваат да ги разоткривам твоите заткулисни игри“ – објави на фејсбук координаторот на ОК ВМРО ДПМНЕ Штип.