Прегрни ја слободата!

Слобода! Посакувана е од секого, но не е ценета од многумина. Со векови нашите предци се бореле за неа. Војувале, умирале, робувале и се жртвувале. Сакале слободно движење и на крај успеале. Оставиле урнатини позади себе, ги губеле животите, но ја постигнале слободата. Ја обезбедиле нашата иднина. Ни овозможиле слободно да се движиме.


Но што е всушност СЛОБОДАТА? Што значи да си слободен? Која е таа слобода за која се војувало? Дали таа има некој поинаков облик денес, за разлика од тогаш?


Ние сме родени да бидеме среќни! А најголемата тајна за среќа е слободата. Спротивно од слобода е робството. Зошто би одбрале робство пред слобода? Ограничување пред слобода? НЕ!
Слобода! А слободен си она утро кога ќе се разбудиш со позитивна мисла благодарејќи му на новиот ден, без оглед на тоа што ќе донесе. Затоа што животот е премногу краток за да го потрошиме во негатива. Слободен си кога имаш право на избор. Кога ќе ја слушаш омилената песна при прошетка во блискиот парк. Тоа е слобода! Кога ги следиш своите желби, кога го правиш она што те исполнува не запирајќи пред препреките. Моментот кога ќе веруваш во себе и она што имаш, при тоа не фокусирајќи на она што би можел да имаш, ти си слободен.


Слободен си оној момент кога ќе ги отфрлиш туѓите мислења и осудувања за тебе. Не мора да се гришиш што мислат тие. Ова е твое патување, не е нивно! Ти бираш кое превозно средство ќе го искористиш, ти бираш кои места ќе ги посетиш во патувањето наречено живот. Токму тоа те чини слободен.


Да патуваш, да истражуваш, да го откриваш секое парче на планетата Земја без ограничувања. Тоа е слободата! Слободна птица на небесната шир! Биди птицата што ја гледаш на небото!


Живеј без страв! Не плаши од тие околу тебе. Спротистави им се на тие кои те ограничуваат. Научи да кажуваш НЕ во животот. Ќе си помогнеш во понатамошниот развој. Зграпчи ја можноста што ти се нуди. Зарем е важно дали ќе направиш грешка ако си решил да искористиш прилика? Сите правиме грешки, никој не е совршен. Без нив нема да можеме да ја почувствуваме независноста и слободата и нема да научиме некои лекции во животот.

Да си слободен пред се` значи да бидеш ти. Предизвикај се, расти како личност, надградувај се, следи ги своите желби и сакај ја личноста во која што се претвараш. Живееј го животот за себе и биди горд на тоа што си.


Тоа е тоа! Ако навистина ја сакаш слободата.. ако навистина сакаш да ја имаш…ќе мораш да ја заработиш… да научиш… да се едуцираш… и надградуваш… да го жртвуваш своето време… и да се посветиш. Но едно е сигурно, ВРЕДИ!

Маја Дукова / М Нет