Марио Митрев и Стефан Антониев тргнуваат по стапките на штипскиот „Марадона“

Денес во Скопје заврши вториот дел од селектирањето на млади таленти за паралелката на фудбалската академија на ФФМ а под покровителство на УЕФА.

Како што веќе објавивме првата селекција се одвиваше во Струмица и од кандидатите од источниот регион за вториот круг беа избрани фудбалерите Марио Митрев и Стефан Антониев играчи на штипска Брегалница.

Нивниот тренер и координатор на школата Дарко Митев кој кај штипјани е познат под прекарот „Марадона“ зборува во суперлативи за неговите млади надежи кои ги покажаа своите квалитети, прикажаа извонредни фудбалски карактеристики, техника, физичка подготвеност и со право очекува, верувајќи во нивниот талент дека успешно ќе го поминат и третиот и последен круг.

Тоа ќе значи дека ќе го започнат школувањето во фудбалската академија во Скопје во чија паралелка под покровителство на УЕФА, наставата ќе ја посетуваат најдобрите 22 кандидати од цела Македонија.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk