Прв работен ден на Мицкоски во Штип, експресно брзо ќе се градат СЦ „Џексон“, булевар Партизанска и новата клиничка болница

Поставен камен темелникот на спортскиот центар „Џексон“, извршен увид во градежните активности на булеварот Партизанска и ветување дека експресно брзо ќе продолжи изградбата на новата клиничка болница во Штип – новиот премиер Христијан Мицкоски го започна својот прв работен ден како премиер од Штип. Посочи дека овде се гради, а за тоа сведочат започнатите проекти кои во периодот кој следи ќе бидат реалзирани, со што ќе се работи за народот и за граѓаните.

„Штип се гради, а за тоа сведочиме по посетените локации заедно со градоначалникот. Сега сме кај Клиничка болница Штип, каде од 2017 година ништо не е променето. Заедничко ветување е дека дека болницата ќе започне веднаш со градба, заедно со болницата во Кичево.“ – вели Мицкоски.

За изградба на спортскиот центар Џексон издвоени се 90 милиони денари, со што штипјани ќе добијат современа спортска сала со капацитет за илјада гледачи. Градоаначалникот, Иван Јорданов, посочи дека овој објект ќе сведочи за ново култно место за сегашните и идни генерации во Штип.

„Со реализација на овој проект штипсјани конечно ќе добијат современа спортска сала со намена за повеќе спортови како и настани. Проектот предвидува Џексон како култно место да прерасне во затворен спортски центар со капациете од 1000 гледачи, како и опрема и содржини кои ќе го претворат овој проект во модерен за сегашните и идни генерации.“ – додаде Јораднов.

Во тек на реализицаија е и изградбата на булеварот Партизанска во Штип, каде се работеше на промена на вододводната и канализациона мрежа, а ќе следува и целосно проширување на булеварот. Активностите продолжуваат не само во Штип, туку во цела држава истакана Мицкоски, додавајќи дека на тој начин наместо некорисни споменици ќе се градат капитални проекти.

Лаура Стојанова М-Нет