Прв пораз за штипски Текстилец, Овче Поле пресилен за Кичево, сигурни победи за фаворитите!

Четврото коло на Првата ракометна лига го донесе првиот сезонски пораз за ракометарите на штипски Текстилец, кој на гостување кај Партизан беа поразени со резултат со 41:37.

Натпревар кој донесе висок број на постигнати погодоци, но бодовите останаа дома, а за штипјани ова е прв пораз.

Мулти Есенс беше убедлив против Аеродром за триумф од 34:27, додека пак Младост го доби соочување со Ѓорче Петров со 29:32.

Во Свети Николе имаше висока победа откако домашниот Овче Поле го декласираше Кичево со 44:25, а пак Преспа со 32:26 славеше над Шампион.

Вардар Неготино ја оправда фаворитската улога со убедлива победа над Јехона со резултат од 39:25.

Александар Ванев, М-Нет